Белата куќа: Нема да користиме нуклеарно оружје против Иран

Макфакс

07/04/2026

18:09

259

Големина на фонт

а а а

Белата куќа ги негираше информациите дека се разгледува употреба на нуклеарно оружје против Иран, јавува АФП.

Од таму соопштија дека објавите на социјалните мрежи, во кои се тврди дека потпретседателот Џеј ди Венс сугерирал такво нешто, не се точни.

„Имаме алатки во нашиот арсенал кои засега не сме одлучиле да ги употребиме. Претседателот на Соединетите Американски Држави може да одлучи да ги употреби. И ќе одлучи да ги употреби ако Иранците не го променат своето однесување“, изјавил претходно Венс.

Оваа изјава, заедно со пораката на Доналд Трамп на „Тру соушал“ дека „цела една цивилизација вечерва ќе умре“, предизвикала шпекулации за можна употреба на нуклеарно оружје.

Профилот на Белата куќа на платформата „Икс“ одговорил на објава во која се тврди дека Ванс „сугерира дека Трамп би можел да користи нуклеарно оружје“, со порака:

„Буквално ништо од тоа што Ванс го кажа тука не го сугерира тоа, вие тотални идиоти“.