Исплатени близу 94 милиони денари кон околу 2.430 земјоделци

Макфакс

06/04/2026

16:36

180

Големина на фонт

а а а

Од Министерството за земјоделство информираат дека денеска е реализирана исплата од близу 94 милиони денари кон околу 2.430 земјоделци, како дел од финансиската поддршка во земјоделството.

Најголемиот дел од средствата, 89.465.370 денари, се исплатени кон 2.381 корисник по подмерка 1.1 – директни плаќања по обработлива земјоделска површина за ориз од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година.

Дополнително, 3.313.888 денари се исплатени по мерка 7 – финансиска поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство.

Уште 1.060.218 денари се исплатени по подмерка 1.1 за предадена оризова арпа, во рамки на Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2025 година.

Од Министерството посочуваат дека приоритет останува зголемувањето на конкурентноста и одржливоста на земјоделскиот сектор.