ИАЕА предупредува: Напади во близина на иранска нуклеарка можат да предизвикаат катастрофа

Макфакс

06/04/2026

15:06

183

Големина на фонт

а а а

Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) предупреди дека нападите во близина на нуклеарната електрана Бушер во Иран претставуваат сериозна закана за нуклеарната безбедност.

Електраната на југот на земјата, со реактор од 1000 мегавати, била погодена четири пати од почетокот на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.

Генералниот директор на ИАЕА, Рафаел Гроси, изјави дека дополнителни напади можат да имаат тешки последици.

„Напади во близина на ова подрачје можат да предизвикаат сериозна радиолошка несреќа со последици за луѓето и животната средина во Иран и пошироко“, изјави Гроси.

Тој додаде дека еден од нападите погодил област на околу 75 метри од периметарот на електраната и порача дека нуклеарните постројки и нивната околина не смеат да бидат цел на напади.