Посебен режим на сообраќај во Скопје поради протестен марш

Макфакс

06/04/2026

07:28

426

Големина на фонт

а а а

Денеска, со почеток во 12:30 часот од страна на група граѓани ќе се организира протестен марш како израз на незадоволство поради неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит со траса на движење од пред плоштад „Карпошово востание“ улицата „11-ти Март“ преку Камени мост, продолжува по улицата „Никола Вапцаров“ и завршува на улицата „Димитрие Чуповски“ пред Министерство за правда, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.

СВР Скопје-Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.