Трамп му се закани на Иран: „Новиот режим знае што треба да прави, електраните се следни“

Макфакс

03/04/2026

09:01

169

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп упати нова закана до Иран на Truth Social, велејќи дека американската војска сè уште не почнала да напаѓа клучна инфраструктура.

„Нашата војска, најголемата и најмоќната (убедливо!) насекаде во светот, дури и не почнала да го уништува она што останало од Иран. Следни се мостовите, а потоа електраните! Новото раководство на режимот знае што треба да се направи и тоа мора да се направи брзо!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Ова е една од најострите закани досега, во која Трамп отворено најавува можни напади врз цивилната инфраструктура.

Најавата на Трамп доаѓа во време кога расте загриженоста за легалноста на американските напади.

Повеќе од 100 експерти за меѓународно право во САД, вклучувајќи професори од Харвард, Јеил, Стенфорд и Универзитетот во Калифорнија, потпишаа отворено писмо во кое предупредуваат дека американските напади врз Иран би можеле да претставуваат воени злосторства.