Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, информираше дека денеска официјално упатува писмо до европските институции и меѓународните партнери поради, како што рече, системското демонтирање на евроатлантската иднина на Македонија и стратешката саботажа на македонската интеграција.
„Ние спремивме писмо официјално, јас денеска сакам да ги известам сите евроамбасадори во земјава, високите функционери на Европската унија, Европската комисија, Советот и на НАТО врска со системското демонтирање на евроатлантската иднина на Македонија благодарение на изјавите и најавите на премиерот Христијан Мицкоски“, истакна Филипче.
„Ова е намерен обид да се онеспособен од остварувањето на стратешката цел за интеграција додека истовремено се саботира и фундаменталниот интерес за евроатланска заедница за брза интеграција Северна Македонија во Европската унија.“ рече Филипче.
Претседателот на СДСМ дека актуелната власт свесно ја оттурнува државата од ЕУ и ја носи во изолација, а членството е суштински дел од македонскиот национален интерес








