Министерот Андоновски го пречека претседателот на Црна Гора на аеродромот во Скопје

Макфакс

31/03/2026

11:10

223

Големина на фонт

а а а

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска на аеродромот во Скопје го пречека претседателот на Република Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

На покана на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот Милатовиќ престојува во официјална посета на земјава.


Во текот на следните два дена, Милатовиќ ќе оствари неколку билатерални средби со македонскиот државен врв, насочени кон зајакнување на соработката, со фокус на економскиот развој, регионалната стабилност и европската интеграција.


„Посетата претставува потврда за добрите и пријателски односи меѓу двете земји, како и за заедничката посветеност кон унапредување на регионалната соработка и европската иднина“, соопштија од Министерството.