Мицкоски вели дека во Охрид дневно има по 2.000 гости надвор од сезоната

Макфакс

29/03/2026

15:18

182

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека се во тек разговори со голем број тур-оператори кои организирано треба да носат туристи на охридското крајбрежје, а со еден од нив разговорите финализираат и се пред склучување договор. Овој тур-оператор, како што истакна Мицскоски, надвор од сезоната ќе донесе околу половина милион ноќевања.

Според премиерот, само на охридското крајбрежје надвор од летната сеозна се очекува да има по 2.000 гости дневно.

Одговорајќи на новинарски прашања по означувањето на почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“, Мицкоски напомена дека треба да се поработи со сопствениците на сместувачките капацитети, за ова бројка двојно да се зголеми, на 4.000.

Во однос на двата аеродрома, интенцијата на Владата, со сите проекти што ги реализира, е Македонија да ја достигне бројката од четири милиони патници.


-Ваквите проекти, како реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ и се она што го правиме како иницијатива, само додаваат вредност. Да имате на скопскиот аеродром 30 отсто зголемен број патници или околу 275.000 во првите два месеца и 20 проценти повеќе на охридскиот аеродром, а минатата година да натфрлите 3,5 милиони патници, можам да кажам дека се историски постигнувања. Зошто да не дојдеме и до четири милиони патници, сето тоа е додадена вредност за македонската економија, посебно во туризмот и угостителството. Ние сме преубава земја со преубави можности и места што можеме да ги претставиме. Јас усм убеден дека како туристичка дестинација ќе бидеме се повеќе препознаени и треба да работиме сите во таа насока. Имавме еден пионерски обид, Министерството за култура да биде и за турзиам, имаме обиди и за учество на меѓународни настани. Тоа е скромен почеток, но како годините ќе поминуваат, ќе бидеме се попрепознаени, подвлече премиерот.

Тој оцени дека надвор од сеозната на охридското крајбрежје, само во угостителството и туризмот, ќе има околу 85 милиони евра.

-Ова ќе бдие додадена вредност за економијата, но и можност хотелиерите и угостителите да ги задржат персоналот и вработените надвор од летната сеозна. Сега треба да поработиме со сопствениците на сместувачките капацитети, зошто да не се дуплира бројката од 2.000 на 4.000, да ни доаѓаат гости од Скандинавија, Обединетото Кралство, Германија, Франција, тука да поминуват дел од времето надвор од летната сеозна, истакна Мицкоски.