Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, изјави дека иранските сили се подготвени за пристигнувањето на американските трупи.
Во изјавите објавени од новинската агенција ИРНА, Галибаф го критикуваше Трамп за изразување подготвеност за разговори со Иран, а во исто време „тајно планира копнен напад“, пренесе „index.hr“.
„Непријателот отворено испраќа пораки за преговори, а во исто време тајно планира копнен напад“, беше цитиран тој. „Нашите луѓе чекаат пристигнување на американски војници, ќе ги запалат“.

Претходно денеска, американските медиуми објавија дека Пентагон подготвува неколкунедели копнени операции во Иран. Извештајот дојде откако американската војска го објави пристигнувањето на 3.500 војници од 31-та морнаричка експедициска единица на Блискиот Исток.








