Личи на „Mercedes“, но не е: Кинезите претставија револуционерен камион

Точка

27/03/2026

13:18

647

Големина на фонт

а а а

Кинескиот гигант „Sany Heavy Industry“ го лансираше, според сопствените тврдења, првиот во светот интелигентен хибриден камион со пумпа за бетон.

Од компанијата (чиј логотип потсетува на оној на „Mercedes“, но немаат никаква поврзаност) наведуваат дека новиот хибриден модел комбинира паметен погонски систем со систем за продолжен домет. Целта е да се надминат долгогодишните ограничувања на електричната градежна опрема поврзани со автономијата на работа и енергетската ефикасност.


Според официјалните податоци, машината за време на тестирањата остварила максимален домет од 1.400 километри, со капацитет за континуирано пумпање што надминува 650 кубни метри. Забележани се и 84 последователни дена непрекината работа, при што се испумпани повеќе од 120.000 кубни метри бетон, со одржување висок притисок од 20 MPa.


„Sany“ тврди дека хибридниот систем носи значителни заштеди во зависност од интензитетот на користење. При дневен резултат од 50 до 100 кубни метри, трошоците може да се намалат за 50% до 75%, додека кај обем од 100 до 200 кубни метри се постигнуваат заштеди меѓу 30% и 50%.


Покрај хибридната пумпа, претставен е и нов електричен миксер-камион за 2026 година. Тој располага со систем за рекуперација на енергија при кочење, кој враќа до 30% од енергијата. Мешалката е опремена со напредни безбедносни решенија, вклучувајќи предупредување за напуштање на лента, автоматско сопирање во итни случаи и специфичен систем за кочење при вртење надесно.