Интер планира да прифати богата понуда за еден од клучните фудбалери

Дерби

26/03/2026

11:14

259

Големина на фонт

а а а

Актуелното раководство на Интер покрај добрите резултати и трофеите, изминатиот период на клубот му обезбеди и позитивно финансиско работење, на кое влијаеја и неколку профитабилни трансфери.

„Нероазурите“ прифатија продажба на играчи кои беа ангажирани за скромни суми, а продадени со голем профит, а такво сценарио може да се случи со уште еден фудбалер во текот на претстојното лето.

„Кориере дело Спорт“ тврди дека раководството на Интер донело одлука да разгледува понуди за Маркус Тирам, напаѓачот кој одлично се најде во редовите на италијанскиот тим, но не може да се пофали со ист ефект и оваа сезона.

Ако досега лидерот во Серија А не сакаше да размислува за разделба со еден од најважните фудбалери, ставот е променет и премиерлигашите можат да влезат во трка за потписот на Тирам.

Во јули ќе се активира откупната клаузула според која францускиот напаѓач може да замине за 85 милиони евра, сума која не е премногу проблематична за финансиски моќните екипи од Англија.