Компанијата CroConcierge, основана во 2022 година и со седиште во елегантната Опатија на хрватското крајбрежје, се позиционира како ексклузивен партнер за клиенти кои бараат врвна организација, приватност и персонализирано искуство при патување и престој.
Со концепт на модерна консиерж услуга, CroConcierge нуди комплетна поддршка на копно, море и во воздух, обезбедувајќи премиум услуги за деловни луѓе, туристи со високи очекувања и сите кои сакаат безгрижно и луксузно искуство.
Една од клучните услуги на компанијата е чартер на бродови, при што клиентите можат да резервираат повеќедневни пловидби со едрилици, катамарани, моторни јахти од различни големини, како и мини крузери со капацитет од околу 10 до 20 кабини. Овие услуги не се ограничени само на Хрватска – CroConcierge работи на глобално ниво, овозможувајќи организација на чартер аранжмани во различни светски дестинации.

Покрај тоа, компанијата нуди и низа дополнителни услуги дизајнирани да го направат престојот на клиентите максимално удобен. Во понудата се шател сервиси, луксузни шоферски услуги со премиум возила, како и изнајмување приватни авиони за сите светски дестинации. За клиентите кои бараат дополнителна сигурност, достапни се и професионални услуги за обезбедување.
CroConcierge се издвојува и со понуда на организација на полагање за скиперски дозволи Б и Ц категории во Хрватска, со едукативни материјали на македонски јазик. Полагањето се одржува во Риека, што им овозможува на заинтересираните од регионот полесен пристап до стекнување меѓународно призната лиценца за управување со пловни објекти.
Дополнително, компанијата нуди и стручно советување при купување моторни јахти, помагајќи им на клиентите да донесат информирана одлука при избор на пловило, со цел инвестицијата да биде сигурна и долгорочно исплатлива.
Визијата на CroConcierge е едноставна, но амбициозна – да им го направи времето на клиентите што е можно поудобно, да создава уникатни моменти и незаборавни искуства, истовремено обезбедувајќи максимална дискретност, сигурност и професионална услуга. Со ваков пристап, клиентите можат целосно да се посветат на она што им е најважно – бизнисот, одморот и уживањето во секој момент.

❓Компанијата е релативно нова на пазарот – од кога постоите, каде сте сместени?
✨Постоиме од 2022 година со седиште во Опатија, Хрватска, но и со контакт во Македонија кај тамошните претставници.
❓Кој е најнискиот ценовен ранг за изнајмување пловило?
✨Најниска цена за изнајмување пловило е од 69 евра по лице на ден, за едрилица со 3 кабини (за 6 лица).
❓Дали клиентите мора да имаат скиперска дозвола за да изнајмат пловило или постојат и други опции?
✨Не, клиентите не мора да имаат скиперска дозвола. Имаме и пловила што се изнајмуваат со свој персонал - скипер, а во повисоките класи екипажот се состои од повеќе лица, вклучително капетан, хостеса, готвач, медицински персонал.

❓Во чартер индустријата често се користи терминот APA – што точно значи тоа и што покрива?
✨АРА (Advance Provisioning Allowance) е надомест што се плаќа при букинг на пловилото и најчесто изнесува околу 30% од вкупната цена, а служи за покривање на оперативни трошоци (марини, гориво, храна, пијалаци, дополнителна спортска опрема). Доколку не се потроши, остатокот се враќа.
❓Дали гостите можат да носат сопствена храна и пијалаци на пловилото?
✨Зависно од пловилото храна и пијалаци може да нарачате онлајн пред да започнете со турата или да побарате чартер без храна и пијалаци. Ова важи за пониските класи, за полуксузните пловила храната е со личен готвач – по избор со два или три оброка.
❓Колку флексибилни се турите – дали е можно да се направат измени во маршрутата за време на патувањето?
✨Да, со оглед дека овој вид на туризам зависи од временските услови, искусен скипер/капетан секојдневно го следи времето за да даде најоптимално доживување без непријатни временски услови.

❓Дали е задолжително ноќевање во марини со дополнителна доплата или постојат и други опции?
✨Не, може да се ноќева во заливи каде е дозволено сидрење, од кои добар дел имаат одлични ресторани достапни само по морски пат. Сепак, кај некои пловила потребно е да се пристапи барем еднаш седмично до марина за да се наполни гориво и техничка вода. Тоа може да биде ноќевање или дневен излет каде ќе може да се истражи градот/островот.
❓Дали им препорачувате конкретни рути на клиентите, особено на оние кои првпат одат на ваков тип патување?
✨Да, зависно од интересите на клиентите може да предложиме идеална рута. Измени се секако можни зависно од временските услови.

❓Колку дена најчесто траат чартер турите и што е најбарано кај клиентите?
✨Стандардна тура за чартер е 7 дена, но зависно од достапноста можеме да предложиме како пократки, така и подолги тури.
❓Дали нудите и дневни тури, односно изнајмување пловило само за еден ден?
✨Дневни тури организираме во најголем дел со пловила од наша флота, а зависно од пловилото што ќе го изберете и сезоната цените се движат од 690 евра на ден до 12 лица, со вклучен скипер, закуски и пијалаци. Вообичаено во нашата бранша дневните приватни тури се нудат за пловила до 15 метри должина.

❓За какви прилики најчесто се резервираат еднодневни чартери – приватни прослави, екскурзии, деловни настани?
✨Во текот на еден ден со наем на пловило може да посетите повеќе острови, плажи, пештери што не се достапни по копнен пат или да пристапите до ресторан во залив до кој инаку би Ви требало многу време за да стигнете. Имаме клиенти што на нашите пловила снимаат музички спотови, предлагаат брак, слават родендени и годишнини со најблиските, или на бродови со големи платформи – оддржуваат часови по јога или фитнес. Во последно време имаме и доста инфлуенсери што сакаат да дадат посебен печат на своите содржини, па најмуваат пловила на дневно ниво за снимање на свои видеа.

❓Што се случува доколку клиентот сака чартер на одредена локација, а избраното пловило се наоѓа во друга марина?
✨Во тој случај има две опции, или клиентите доаѓаат до локацијата на пловилото, или пловилото доаѓа до локацијата на клиентите. Тоа пред сé зависи од тоа каде клиентите сакаат да пловат. На пример, ако сакате да пловите во Далмација, а пловилото што сте го избрале е во марината во Пула, ќе мора да направиме трансфер до локацијата во Далмација што ќе води до дополнителни трошоци. Доколку пак не ви е важен акваториумот на пловење, поедноставно е да пристигнете на локацијата каде се наоѓа пловилото.
❓Дали CroConcierge организира и корпоративни настани и тим билдинг активности на море?
✨Да, одлична можност за тим билдинг се малите крузери за 20 до 40 лица, на база на полн пансион или полупансион.

❓Каков е процесот на резервација и кога се врши плаќањето?
✨Зависно од моментот на резервација, се плаќа аванс или вкупниот износ, секако откако клиентот ќе ја прифати понудата и ќе го потпише договорот каде се дефинирани сите услови за соработка, кој воедно му е гаранција за исполнување на патување.
❓На кои дестинации и држави најчесто работите кога станува збор за чартер услуги?
✨Најмногу пловила имаме во Хрватска, Грција, Италија, Шпанија. Секако може да понудиме и пловила на најголем дел од глобалните дестинации.
Контакт:
www.croconcierge.com
contact@croconcierge.com
@croconcierge
Контакт за Македонија: 070/311-108
*Комерцијален текст










