Проектил погоди брод кај Катар

Макфакс

19/03/2026

10:48

392

Големина на фонт

а а а

Брод е погоден од ракета во Персискиот Залив, покрај брегот на Катар, објави UKMTO, британскиот центар за надзор на поморска безбедност.

United Kingdom Maritime Trade Operations (UKMTO) се организација под покровителство на Британската морнарица која ги следи безбедносните инциденти на клучните глобални бродски правци и издава предупредувања до бродовите.

Според нејзините информации, инцидентот се случил на околу четири наутички милји источно од Рас Лафан, еден од најважните енергетски центри на Катар. Бродот бил погоден од непозната ракета, но сите членови на екипажот се безбедни и неповредени.

UKMTO ги предупреди бродовите да пловат со зголемена претпазливост и да пријават каква било сомнителна активност додека трае истрагата.

Инцидентот се случува во време на брзо влошување на безбедносната состојба во Персискиот Залив, каде што се регистрирани бројни напади врз трговски бродови од почетокот на израелско-американската војна против Иран.

Според достапните податоци, неколку бродови се оштетени во напади со беспилотни летала и ракети од почетокот на конфликтот, а сообраќајот низ Ормускиот теснец, еден од клучните правци за глобална трговија со енергија, е практично блокиран. Во некои претходни напади беа погодени танкери и товарни бродови, додека некои бродови мораа да бидат напуштени поради пожар и штета.