Иран нападна голем енергетски центар, Катар бесен: Дрските напади се директна закана

Макфакс

18/03/2026

21:48

264

Големина на фонт

а а а

Катарското Министерство за внатрешни работи објави дека избувнал пожар во областа Рас Лафан, каде што се наоѓа најголемиот објект за течен природен гас во светот, по „ирански напад“.

Рас Лафан е еден од клучните енергетски центри на Катар и дом на објектите на QatarEnergy. Катарските власти претходно објавија дека иранските беспилотни летала и ракети ги погодиле енергетските објекти во Рас Лафан, по што дел од производството е привремено прекинато.

Катарската државна нафтена компанија исто така извести дека ракети го погодиле Рас Лафан.

„Тимовите за итна реакција беа веднаш испратени на местото на настанот за да ги стават пожарите под контрола, со оглед на обемната материјална штета“, објави QatarEnergy на социјалните медиуми.

Целиот персонал е безбеден и засега нема жртви, се вели во соопштението.

Катар бесен по нападот: „Иран нè турка кон бездната“

Катар објави дека „дрските“ ракетни напади врз индустрискиот град Рас Лафан се „директна закана за неговата национална безбедност и стабилноста на регионот“.

„Иранската страна продолжува со својата политика на ескалација што го турка регионот кон бездната и ги влече земјите што не се дел од оваа криза во кругот на конфликтот“, објави катарското Министерство за надворешни работи на социјалните мрежи.

Во соопштението се додава дека Катар „го задржува правото да одговори“ и дека „нема да се двоуми да преземе сите потребни мерки за да го заштити својот суверенитет, безбедност и безбедноста на своите граѓани“.