Мерц за Унгарија: Не треба да обрнуваме внимание на една земја во ЕУ што создава блокада

Макфакс

18/03/2026

21:46

198

Големина на фонт

а а а

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика на итна исплата на заем од 90 милијарди евра за Украина, кој веќе е договорен на ниво на Европската унија. Мерц, исто така, ја нагласи потребата 20-тиот пакет санкции против Русија да биде усвоен што е можно поскоро, објави Украинска правда.

„Не треба да обрнуваме внимание на една земја во Европската унија која, од внатрешно-политички причини и од тамошната предизборна кампања, ја создава оваа блокада во Европа“, рече Мерц, јасно алудирајќи на Унгарија, која одржува парламентарни избори во април.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто објави дека неговата земја ќе продолжи да го блокира усвојувањето на 20-тиот пакет санкции на ЕУ против Русија, како и исплата на заемот за Украина, сè додека Киев не го продолжи транзитот на нафта преку нафтоводот „Дружба“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети во писмо до лидерите на ЕУ дека протокот на нафта низ нафтоводот ќе биде обновен за околу месец и половина.