Без оглед на тоа каде живеат во светот, поголем дел од луѓето имаат специфични ставови за другите земји.
Оваа мапа со сина боја ги нагласува оние за кои поголем дел од ставовите се негативни.
На тие ставови можат да влијаат многу фактори, од постапките на владите или воените интервенции до нејзините доминантни култури и религии, па дури и до однесувањето на нејзините туристи.
[Мапа од најомразените земји на светот за 2026]
Сепак, интересно е тоа што според „World Population Review“, без оглед на сериозната конкуренција во овој момент, Кина се покажала како земја која останатиот дел од светот „најмногу ја мрази“.
САД е на второто место, а Русија на третото – и јасно е зошто баш тие три земји веќе подолго време се на врвот од оваа неславна листа.
Како главни глобални сили, тие се соочуваат со значајни анимозитети ширум светот поради своите империјалистички тенденции и мешање на економските, политичките и воени работи на помалите земји.

Притоа, граѓаните на секоја од овие земји главно имаат многу лошо мислење за другите две, а можеби и треба да се потсети дека станува збор за најголемите земји во светот.
Земјите како Саудиска Арабија и Северна Кореја исто така редовно се наоѓаат на оваа листа поради своите авторитарни режими и кршење на човековите права, а Израел со контроверзните воени операции се изборил да се најде на 5 место – засега.

20 најомразени земји во 2026 година
💥Кина;
💥САД;
💥Русија;
💥Северна Кореја;
💥Израел;
💥Пакистан;
💥Иран;
💥Ирак;
💥Сирија;
💥Индија;
💥Велика Британија;
💥Јапонија;
💥Саудиска Арабија;
💥Германија;
💥Нигерија;
💥Турција;
💥Јужна Кореја;
💥Авганистан;
💥Филипини;
💥Италија.












