Хегсет вели дека иранските лидери се кријат како стаорци; Лариџани: Нашите лидери се со народот, додека Американците се на „островот Епстин“

Макфакс

13/03/2026

18:45

303

Големина на фонт

а а а

Али Лариџани му одговори на шефот на Пентагон, Пит Хегсет, кој рече дека иранските лидери „се кријат како стаорци“, истакнувајќи дека бројни високи функционери, вклучувајќи го и претседателот Масуд Пезешкијан, се појавија јавно на митинг во Техеран.

„Господине Хегсет! Нашите лидери беа и се меѓу народот. А вашите? На островот на Епстин!“, напиша висок ирански функционер на платформата Икс, алудирајќи на покојниот сексуален престапник Џефри Епстин, кој беше поврзан со богатите и влијателните во САД.

Тој, исто така, објави снимки од високи ирански функционери на улиците на Техеран.

Хегсет, постетуваат медиумите, денес даде проценка за состојбата на новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, кој го наследи својот татко. Тој тврди дека Хамнеи е „ранет и веројатно обезличен“. Како доказ, тој го наведе фактот дека Хамнеи вчера се обрати на јавноста во писмена изјава, без видео или аудио снимка.

„Немаше глас и немаше видео. Тоа беше писмена изјава“, рече Хегсет. „Иран има многу камери и снимачи. Па зошто писмена изјава? Мислам дека го знаете одговорот.“

Американскиот министер ја нарече неговата прва изјава „слаба“. „Неговиот татко е мртов. Тој е исплашен, тој е повреден, тој е во бегство и му недостасува легитимитет. За нив, тоа е хаос“, рече Хегсет. „Иранското раководство се крие. Тие се исплашени. Тоа го прават стаорците. Секој час, ние и тие знаеме дека воената моќ на нивниот злобен режим се урива.“

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека новиот врховен лидер на Иран е „веројатно жив во некоја форма“