Уапсен 18-годишник од тетовско, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средно училиште

Макфакс

13/03/2026

13:18

1.033

Големина на фонт

а а а

Полицијата уапси 18-годишник од тетовско кој се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средно училиште.

Според информациите на МВР, вчеравечер во СВР Тетово, неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, пријавија дека добиле информации од родители на ученици, дека М.Р. праќал пораки до учениците односно се заканувал оти ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето.


„Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од СВР Тетово и по добиена судска наредба, извршен е претрес во с.Палатица, тетовско, во дом и помошни простории на Р.Р. (49). При претресот биле пронајдени повеќе предмети на неговиот син М.Р.(18), за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело“, соопшти МВР.

М.Р. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.