Пјер-Емерик Обамејанг дефинитивно е еден од играчите со доста интересна кариера, играч кој своевремено важеше за голем талент, очекувања кои не ги оправда до крај, но се избори за кариера на која можат да позавидат доста фудбалери.
Тој сега е дел од Олимпик Марсеј, а во „патувањето“ беше дел и од Милан, Монако, Лил, Барселона, Арсенал, Челси, Борусија Дортмунд…екипи од највисок ранг во кој имаше можност да соработува со доста квалитетни играчи, но ако мора еден да избере како најдобар-тоа е Усман Дембеле.
-Играв со многу добри играчи, но би рекол Дембеле, -вели напаѓачот кој се надева дека Усман ќе освои уште една Златна топка.
Африканецот веќе размислува и за тоа што ќе прави откако ќе ги закачи копачките на клин.
-Тоа не ми е првата идеја (да биде тренер).Но, мислам дека ќе останам во светот на фудбалот. Дефинитивно, ја започнувам оваа година со некои лекции, малку за менаџментот. Ќе видиме, -порача Габонецот.








