Меџити: САД остануваат стратешки партнер за зајакнување на институциите и развојот на земјата

Макфакс

12/03/2026

19:36

178

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари средба со Никол Варнс, вршителка на должност во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, при што се разговараше за актуелните случувања во земјата, зајакнувањето на институциите и унапредувањето на реформите што ја приближуваат Северна Македонија до евро-атлантските стандарди.

За време на средбата беше нагласена важноста на соработката и континуираната поддршка што Соединетите Американски Држави ја даваат на демократските процеси, владеењето на правото и севкупниот развој на земјата.

„Соединетите Американски Држави остануваат стратешки партнер и важен сојузник за Северна Македонија. Нивната поддршка е од големо значење за зајакнување на демократските институции, развојот на земјата и зачувувањето на стабилноста во регионот,“ истакна градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

На средбата беше реафирмирана важноста на партнерството и континуираната соработка со САД како клучен фактор за унапредување на демократските процеси и институционалниот развој на земјата.