Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Од сабота следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, а претежно во попладневните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура од вторник ќе биде во опаѓање.








