Се сметала за биолошка празнина, а денес е научен феномен: Како бескорисна пустина била трансформирана во зелен рај?

Точка

12/03/2026

16:09

695

Големина на фонт

а а а

Огромен еколошки инженеринг на рабовите на една од најголемите и најсушните пустини во светот ја претворил оваа пустина во сензор за јаглерод-диоксид која впива повеќе CO2 отколку што испушта, сугерира новото истражување.

Маовно садење дрвја во Кина ја трансформира едната од најголемите и најсушни пустини во светот во сензор за јаглерод-диоксид, што значи дека впива повеќе јаглерод-диоксид од атмосферата отколку што емитува.

Пустината Такламакан е малку поголема од Монатана и се протега на околу 130.000 квадратни милји. Опкружена со високи планини, кои поголем дел од годината го блокираат доаѓањето на влажен воздух во пустината, создавајќи исклучително сурови услови кои се непогодни за повеќето растенија.


Меѓутоа, во текот на последните децении, Кина засадила шума на рабовите на Такламакан, а ново истражување сугерира дека овој пристап почнал да се исплатува.

„За прв пат откривме дека човечка интервенција може ефикасно да го зголеми апсорбирањето на јаглеродниот диоксид дури и во најекстремни пустински области, демонстрирајќи го потенцијалот да ја трансформира пустината во сензор за јаглерод диоксид и да ја запре дезертификацијата (опустинувањето)“, рекол коавторот на студијата, Јук Јунг, професор по планетарна наука на Калифорнискиот институт за технологија и виш истражувач во Лабораторијата за млазен погон на НАСА.

Пустината се сметала за „биолошка празнина“

Повеќе од 95 отсто од пустината Такламакан е прекриена со поместувачки песок, кој долго време се сметал за „биолошка празнина“. Пустината се зголемува од 1950-тите, кога Кина доживеа масовна урбанизација и земјоделска експанзија. Оваа промена на природната почва создаде услови за почести песочни бури, кои генерално го носат горниот слој на почвата и таложат песок, предизвикувајќи деградација на почвата и опустинување.

Во 1978 година, Кина ја започнала програмата за заштита на шумите „Три севери“, огромен еколошки проект со цел забавување на опустинувањето. Наречен и „Голем Зелен Ѕид“, проектот имал за цел до 20250 година да се засадат милијарди дрвја по рабовите на пустините Такламакан и Гоби. До денес во северна Кина се засадени повеќе од 66 милијарди стебла, но експертите не се согласуваат дали Големиот Зелен Ѕид значително ја намалил зачестеноста на песочните бури пишува „Live Science“.

Кина го завршила обемното пошумување на рабовите на пустината Такламакан, а истражувачите велат дека тој напор ги стабилизирал песочните дини и ја зголемил шумската покривка на земјата од 10 отсто од површината во 1949 година на повеќе од 25 отсто денес.


Сега научниците откриваат дека распространетата вегетација на периферијата на Такламакан апсорбира повеќе јаглерод-диоксид од атмосферата отколку што пустината ослободува, што значи дека Такламакан може да се трансформира во стабилен резервоар на јаглерод.

Истражувачите анализирале теренски мерења на различни видови вегетациска покривка, како и сателитски податоци што покажуваат врнежи, вегетациски покривка, фотосинтеза и флукс на CO2 во пустината Такламакан во текот на изминатите 25 години. Тие исто така го користеле и „Carbon Tracker“ на Националната океанска и атмосферска управа, кој ги моделира изворите и апсорпцијата на CO2 на глобално ниво, за да ги поткрепат своите наоди.

Резултатите, објавени на 19 јануари во списанието ПНАС, покажуваат долгорочен тренд на проширување на вегетацијата и зголемена апсорпција на CO2 долж рабовите на пустината, што временски и просторно кореспондира со Големиот зелен ѕид. Во текот на периодот на студијата, врнежите од дожд за време на влажната сезона во Такламакан од јули до септември биле 2,5 пати поголеми од сувата сезона, во просек околу 0,6 инчи месечно. Врнежите од дожд ја зголемиле вегетациската покривка, зеленилото и фотосинтезата долж рабовите на пустината, намалувајќи ги нивоата на CO2 во пустината од 416 делови на милион во сувата сезона на 413 ppm во влажната сезона.


Претходните истражувања сугерирале дека Такламак би можела да биде јаглероден резервоар, но тие истражувања се фокусирале на апсорпцијата на CO2 од пустинскиот песок. Исто така укажале дека песокот не е стабилен резервоар во услови на климатски промени бидејќи растот на температурите може да предизвика ширење на воздухот во песокот што ослободува дополнителен CO2.

„Врз основа на резултатите од оваа студија, Такламакан, иако само на своите рабови, претставува прв успешен модел што ја демонстрира можноста за трансформирање на пустина во јаглероден резервоар. Потенцијалот на Големиот Зелен Ѕид да го забави опустинувањето останува нејасен, но неговата улога како резервоар може да послужи како вреден модел за други пустински региони“, истакнал Јунг.