Посните брауни коцки со урми се совршено решение кога ќе ви се пријаде нешто слатко. Овој колач го обожаваат и возрасните и децата.
Состојки:
🍫340 грама урми;
🍫160 милилитри топла вода;
🍫180 милилитри путер од кикиритки;
🍫15 грама мелено ленено семе;
🍫40 грама какао;
🍫70 грама парчиња темно чоколадо;
🍫30 грама домашно, овесно брашно;
🍫½ лажица сода бикарбона;
🍫1 лажичка екстракт од ванила.

Подготовка:
Потопете ги урмите во жешка вода. Притиснете ги со виљушка. Поклопете и оставете 10 минути да отстојат додека не омекнат.
Во апарат за сечкање ставете ги урмите со водата и добро изблендирајте додека не добиете кремаста текстура. Додадете го путерот од кикиритки, меленото ленено семе и содата бикарбона, па повторно изблендирајте.
Потоа додадете го брашното и какаото, па повторно блендирајте. Додадете уште 50 грама исечкано темно чоколадо и смесата ставете ја во калап за печење обложен со хартија за печење.
На крајот, додадете го останатиот дел од сечканото чоколадо и печете во рерна на 180 степени Целзиусови околу 30 минути.
Откако ќе се излади, исечете и послужете.
На здравје!








