Полоши отколку што мислевме: Ефектот на антибиотиците штетен и до осум години

Точка

12/03/2026

14:00

802

Големина на фонт

а а а

Секој циклус на употреба на антибиотици може да ги оштети корисните бактерии во телото на долг рок, а нова студија на Универзитетот во Упсала покажува дека овие ефекти можат да траат до осум години, се наведува во списанието „Nature Medicine“.

Иако антибиотиците имаат клучно значење за лекување на инфекции, покрај вообичаените несакани дејства, тие можат да ги уништат и корисните бактерии во организмот додека истовремено придонесуваат кон развојот на резистентните „лоши“ бактерии, пренесе АНСА.

Истражувачите од Универзитетот во Упсала анализирале податоци од шведскиот регистар на лекови и ги поврзале со детална мапа на цревниот микробиом на 14.979 возрасни лица.


„Забележавме дека употребата на антибиотици пред четири до осум години и понатаму влијае врз составот на сегашниот микробиом. За некои видови антибиотици, дури и еден циклус остава траги“, рекол авторот на студијата Габриел Балданзи.

Истражувачите забележале дека ефектите не се исти за сите антибиотици, наведувајќи дека клиндамицин, флуорокинолоните и флуклоксацилинот предизвикуваат најголеми промени во микробиомот, додека пеницилинот V имал минимален и краткотраен ефект.

Координаторката на студијата, Туве Фал, истакнала дека резултатите нудат важни клинички упатства.


„Студијата може да помогне во дефинирањето на идните препораки за употреба на антибиотици особено кога се избира помеѓу два подеднакво ефикасни лекови, од кои едниот има послаб ефект врз цревниот микробиом“.