На повидок голем договор: Се подготвува соработка меѓу Украина и земја од Блискиот исток

Точка

11/03/2026

22:30

875

Големина на фонт

а а а

Иранските напади на соседните земји во Заливот започнаа трка за воена опрема, особено за одбрана од балистички проектили и беспилотни летала од типот Шахед.

Системите за воздушна одбрана како американскиот „Патриот“ чинат милиони долари, што ги прави неодржлив начин за соборување на масовно произведени, евтини дронови. Имајќи го тоа предвид, многу земји се свртуваат кон Украина. Украинската одбранбена индустрија потпиша договор за купување пресретнувачки ракети од саудиска компанија, дознава „Киев Индепендент“, а еден извор рекол дека Ријад и Киев преговараат за посебен „голем договор“ за оружјето што би можел да биде финализиран оваа недела. Зборувајќи за договорот за украинските пресретнувачки ракети, друг извор објаснил дека саудискиот производител на оружје дејствува како локален посредник.


Иран започна бран напади со беспилотните летала „Шахед“ по американските и израелските напади кои започнаа кон крајот на февруари. Израелската воздушна одбрана во голема мера се потпира на „Железната купола“, додека државите од Заливот се потпираат на јужнокорејските системи јужнокорејските системи „Чеонгунг-II“ и американските системи „ТХААД“ и „Патриот“. Муницијата за вакви системи за воздушна одбрана е скапа, што им овозможува на Украинците да ја истакнат вредноста на нивните евтини беспилотни летала-пресретнувачи.


„Украина никогаш немала толку проектили за одбивање напади. Само во изминатите три дена потрошени се повеќе од 800“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на 5 март. Подоцна истиот ден открил дека добил барање од САД за специфична поддршка во одбраната од „Шахед“ во регионот на Блискиот исток. „Наредив да се обезбедат потребните средства и да се обезбеди присуство на украински експерти кои можат да ја гарантираат потребната безбедност“, открил Зеленски.


Бохдан Попов, главен аналитичар во компанијата за меѓународно оружје во Украина истакнал: „Со она што се случува во Иран, многу заливски држави се заинтересирани за извоз од Украина или за купување технологија или за ангажирање украински инструктори. Но, колку што знам, сè уште не е донесена одлука за извоз на што било, но амбасадорите на заливските држави веќе ѝ се обратија на нашата влада за започнување на преговори“.


За време на војната Украина строго го контролираше извозот на оружје, а власта беше особено загрижена поради можноста технологијата за пресретнувачи да „протече“ во странство. Кога станува збор за Блискиот исток, Украина ја загрижува влијанието на Русија во тој регион. На пример Саудиска Арабија и Русија потпишаа договор за безвизно патување во декември.