По наводите за мини во Ормускиот теснец, Трамп му порача на Иран: „Отстранете ги или ќе следуваат невидени последици“

Макфакс

10/03/2026

21:42

276

Големина на фонт

а а а

Иран почнал да поставува мини во Ормускиот теснец, најважното светско енергетско тесно грло низ кое поминува околу една петтина од вкупната светска трговија со сурова нафта, изјавија за Си-Ен-Ен два извора запознаени со американските разузнавачки извештаи.

Поставувањето на мини засега не е обемно, а во последните денови биле поставени неколку десетици, наведуваат изворите.

Иранската Револуционерна гарда, која сега практично го контролира теснецот заедно со иранската редовна морнарица, има способност да распореди своевиден „појас“ од распрснати пловила за поставување мини, чамци наполнети со експлозив и крајбрежни ракетни батерии, претходно објави Си-Ен-Ен.

По медиумските извештаи дека Иран почнал да поставува мини во Ормускиот теснец, се огласи и претседателот на САД Доналд Трамп.

„Ако Иран поставил какви било мини во Ормускиот теснец, а засега немаме извештаи дека го направил тоа, сакаме тие веднаш да бидат отстранети! Ако од која било причина мините се поставени и не бидат веднаш отстранети, воените последици за Иран ќе бидат на ниво какво досега не е видено. Ако, од друга страна, го отстранат она што можеби е поставено, тоа ќе биде голем чекор во вистинската насока“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушал“