Кузеска: Владата профитира, зошто се поскапени цените на горивата кога има пад на светските берзи

Макфакс

10/03/2026

14:47

157

Големина на фонт

а а а

По падот на цените на светските берзи, власта треба веднаш да ги намали цените на горивата во Македонија, наместо граѓаните да плаќаат поскапо, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Праша зошто се поскапени цените кога има пад на светските берзи.

Според неа, со сегашното зголемување граѓаните плаќаат над 3 милиони евра неделно повеќе.

„Се поставува прашањето кој има интерес од ова поскапување и каде завршуваат овие пари? Дали Владата намерно ги зголеми цените иако цената на барелот веќе падна вчера?

Велат мерките предложени од СДСМ не ги интересираат, они знаат подобро. Па нивната политика се сведе само на тендери, проценти и бизнис комбинации“.

Кузеска подвлекува дека секоја работа за Мицкоски е бизнис.

„Тоа граѓаните многу добро го знаат. Власта веднаш да ги намали цените на горивата и да ги прифати мерките на СДСМ за намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, за намалување на акцизата за 4 денари и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи“.