Мицкоски: Забрзано се одвива изградбата на капиталните инвестиции, до сега се реализирани околу 25 проценти од предвидените за 2026 година

Макфакс

10/03/2026

14:41

174

Големина на фонт

а а а

Продолжуваме да ги реализираме проектите. Полека доаѓа пролетта и како се запролетува, така се засилуваат и градежните активности, изјави премиерот Христијан Мицкоски, откако изврши увид во изградба на пречистителната станица во населеното место Кучевишка Бара, Општина Чучер Сандево.

Тој оценува дека досега е исклучително високо нивото на реализација на капиталните инвестиции.

„Околу 10-тина милијарди денари се реализирани во првите два месеца и во првите пет дена од третиот месец, месец март, што претставува отприлика околу 25 проценти од вкупниот број на капитални инвестиции, коишто се предвидени за 2026 годин“.

Најави дека како ќе се засилува динамиката, така бројката ќе се зголемува.

Мицкоски очекува и зголемување на бруто домашниот производ и конечно, како што рече, граѓаните да го почувствуваат сето она коешто Владата го работи во насока на стабилизација на државата.

„После, би рекол, една криминална влада, влада предводена од СДСМ и ДУИ, влада која што буквално ги уништи институциите, ги ограби граѓаните, ја понижи државата и после една таква, би рекол, катаклизмична состојба, како Влада дадовме сè од себе за да застанеме на нозе, да дојдеме до една, би рекол, неутрална состојба во моментов, и да продолжиме да го испорачуваме тоа што граѓаните од нас го очекуваат“.

Еден заокружен процес дава резултати и тоа може да се види на дело, рече Мицкоски за изградбата на пречистителната станица.

„Очекувам сето ова да биде завршено и да биде ставено во употреба, бидејќи ова им е потребно на граѓаните“.