[ФОТО/ВИДЕО] Словенец кој живее во куќа која е поблиску до вселената отколку до Земјата: Еве како изгледа неговиот дом на 2.300 надморска височина

Точка

10/03/2026

16:01

913

Големина на фонт

а а а

Дали некогаш сте се запрашале како изгледа животот високо во планините?

На импресивната надморска височина од 2.530 метри, на Западната триглавска висорамнина (ЗТП), се наоѓа привремено живеалиште во кое престојува Алојз Жакељ – човекот со највисоко постојано живеалиште во Словенија, пренесува порталот „Клип“.


Ова необично планинско засолниште е изградено на местото на некогашните воени касарни на италијанскиот крал Виктор Емануел III. Алојз во него ги поминува летните месеци, но не ретко останува и во зима – велат дека таму повеќе пати ја дочекал и Новата година.


Според словенечкиот портал, Жакељ со љубов се грижи за својот дом, секогаш е подготвен да пречека планинари кои минуваат покрај него, а истовремено ги одржува и планинските патеки кои водат низ овој суров, но задивувачки пејзаж.

Познатиот јутјубер Рок, автор на каналот „Рај на Земјата“, неодамна ја посетил оваа висинска колиба. Заедно со тимот прошетал низ целата Западна триглавска висорамнина, па сè до глечерот на падините на Триглав, нудејќи им на своите следбеници автентичен увид во оваа несекојдневна планинска приказна.