[ВИДЕО] „Дамијано Давид од Али Експрес“: Вака луѓето го коментираат претставникот на Србија за Евровизија, што мислите вие?

Точка

03/03/2026

13:17

476

Големина на фонт

а а а

Србија го доби претставникот за претстојната Евровизија, групата „Лавина“ од Ниш ја однесе победата и својата песна „Крај мене“, ќе се претстави пред европската, но и светската публика која го следи овој популарен натпревар.

Евровизија годинава ќе се одржи од 12 до 16 мај.

Групата „Лавина“ која ќе ја претставува Србија на Евровизија 2026 година ја составуваат: Лука Аранѓеловиќ (клавијатура и вокал), Павле Самарџиќ (гитара), Андрија Цветановиќ (гитара), Никола Петровиќ (бас гитара) и Бојан Илиќ (тапани).

Песната „Крај мене“ добила најмногу гласови од публиката и од стручното жири, што досега не се случило на домашен избор на евровизиски претставник во Србија. Најчесто тие одлуки биле спротивни, па потоа и тема на дебата на социјалните мрежи – дали победата е заслужена и дали можеле да изберат подобро.

Сепак, луѓето и овојпат не останале имуни на коментари, па хеви метал бендот од Ниш го коментираат вака:

„Лавина е врв“, „Ги поздравувам нашите претставници, нешто ново и поразлично, зошто да не?“, „Дамијано Давид од Али Експрес. Песната средна, неубедлива“, „Победија моите фаворити“, „Вкусовите секогаш се разликуваат, ги поздравувам младите луѓе“, „Веќе видено – италијанската група која ја однесе победата“, „Лука е харизма во движење“.


Групата „Лавина“ многумина ги потсети на бендот „Манескин“, а Лука на фронтменот – Дамијано Давид којшто се смета за најдобар фраер во Европа, како што го нарекуваа.

Манескин е основан во 2017 година, а во 2021 година учествуваше на Санремо, каде истата година се претставија и на Евровизија и ја однесоа победата со вкупно 524 поени. Победата им ја донесе песната „Zitti e buoni“.

Инаку, харизматичниот Лука Аранѓеловиќ работи како наставник по музичко во Бујановац, па во текот на настапот ги поздравил своите ученици.

„Лавина“ дефинитивно предизвика лавина од коментари, бендот заслужува внимание, а и голема поддршка на Евровизија.