За многумина во словачкиот град Нитра војната во соседна Украина сè уште се чини далечна, иако локалниот совет веќе не ризикува. Од 2022 година секоја година ги реновираат своите 17 засолништа од нуклеарен, хемиски и биолошки напад од времето на Студената војна.
Оваа година планирано е вложување од 40.000 евра, а потребни се многу поголеми финансиски средства за старите засолништа да се доведат до употреблива состојба. „Војната е во Украина, не тука“, изјави 51-годишниот Марио Папек за АФП. Повторувајќи ги смирувачките пораки на премиерот Роберт Фицо, кој е близок со Владимир Путин и се противи на испраќањето воена помош во Киев.

Фицо тврди дека Словаците немаат причина да се плашат од Русија. Но градот Нитра, на пет часа возење од украинската граница се подготвува за најлошото. „Пред конфликтот тоа не беше приоритет. По почетокот на војната завладеа паника. Луѓето почнаа да се прашуваат што би направиле доколку војната дојде кај нас“, рече портпаролот Томаш Холубек.
Slovakia revamps bunkers with Ukraine war uncomfortably close.
— AFP News Agency (@AFP) February 17, 2026
Prime Minister Fico, who is close to Russian President Putin and opposes sending aid to Ukraine, insists Slovaks have nothing to fear from Russia. But with the war close to home, he has vowed to double the capacity… pic.twitter.com/CXQJVul7XW
Службеникот за цивилна заштита Далибор Бубинак покажал дотраено засолниште во подрумот на дом за стари лица. Мувлосани ѕидови, скршени врати, застарена вентилација, лошо снабдување со вода. „Ниту едно од нив не е во техничка состојба погодна за заштита од опасни супстанции“, признал тој.

Словачка располага со околу 1.500 засолништа кои би можеле да примат 250.000 лица. Голем број од нив потекнуваат од периодот на Чехословачка, замислени како херметички затворени против хемиски и биолошки напади. По падот на комунизмот во 1989 година, дел од нив биле предадени на општини, компании или приватници, а некои станале барови или културни простори, додека други биле напуштени, пренесе „Kyiv Post“.

Минатиот месец владата се обврза да го удвои капацитетот на засолништата (зголемување за 100%) како дел од новата безбедносна стратегија со подигнување на јавна свест и готовност. Министерот за внатрешни работи, Матуш Шутај Ешток веќе во мај 2025 година ја критикувал нивната состојба и најавил ревизија. Целта е до 2040 година, барем 30% од Словаците (околу 1,7 милиони лица) да имаат пристап до засолништа. Тој предложил и помош од ЕУ и финансирање. Поради ограничените државни средства приватниот сектор е во пораст. Компаниите како „NSA SR“ ги продаваат безбедносни соби за околу 7.900 евра или подземни армирано-бетонски засолништа за околу 45.000 евра.

Како што рече сопственикот, Петер Бако побарувачката пораснала за околу 75% годишно од 2022 година. „Доколку цивилната заштита беше на ниво на Швајцарија или Скандинавија, ние немаше да имаме работа“, додаде тој.
Повеќето жители на Нитра со кои разговарал АФП не знаат каде е најблиското засолниште. „Никогаш не сум се чувствувал доволно загрозен за да барам место за криење“, рече професорот Владимир Попелка. Словачка троши 2% од БДП за одбрана (во согласност со НАТО), но централната банка предвидува дека оваа година ќе падне под целта поради штедењето и поделбите во коалицијата на Фицо околу Украина.
















