Клаудио Раниери остана да работи во Рома по крајот на тренерската кариера, односно остана близок човек на семејството Фридкин и важи за најважен советник во клубот.
Легендарниот стручњак игра важна улога во стратегијата на клубот и трансфер политиката која се подготвува за наредната сезона, а како човек кој е запознаен со финансиите и буџетот, сега најави дека Рома може да се раздели со две големи ѕвезди кои имаат највисоки плати.
Платите на Пауло Дибала и Лоренцо Пелегрини полека стануваат неиздржливи за Рома како клуб, па ако не се согласат значително да ја намалат платата, двајцата ќе си заминат по крајот на сезоната.
– Не станува збор за ситуација кога клубот не сака да ги задржи двајцата, станува збор за ситуација во која мора да ги намалиме трошоците поради финансискиот фер-плеј.
– На крајот, ќе се базираме на анализите кои играчите ги имаат на теренот, на сигналите кои ќе ги добиеме од тренерот, но и на преговорите кои ќе се водат. Ако можеме да пронајдеме решение, тогаш во ред, ако не, ќе си подадеме рака и секој ќе тргне по свој пат, – изјави Раниери.







