Лејкерс добија шутерско засилување на сметка на Винсент и еден пик на драфтот

Макфакс

06/02/2026

08:02

546

Големина на фонт

а а а

Лос Анџелес Лејкерс се обидува да го искористи периодот за трејдови за да го засили ростерот и да донесе дополнителна поддршка за првите ѕвезди Лука Дончиќ и ЛеБрон Џејмс, а американските медиуми најавија интересна размена која ќе се реализира наскоро.

Лејкерс решија да го доведат одличниот шутер Лук Кенард од редовите на Атланта Хоукс, додека во спротивна насока го испраќаат Гејб Винсент и ќе отстапат еден пик во втората рунда на драфтот во 2032 година.

Кенард има фантастични 49,3% реализација сезонава во шутот за три поени, па неговиот ефект ќе биде добредојден за играчи како Дончиќ, Џејмс и Остин Ривс, кои вообичаено го носат реализаторскиот товар кај Лејкерс.

За Кенард ова е деветта сезона во НБА, а во актуелната има просек од 7.9 поени на 46 одиграни натпревари.

Од друга страна, Винсент сезонава има просек од 4,9 поени по натпревар.