Zipp Club – нов начин да си „океј“ со парите

Точка

09/01/2026

13:34

346

Големина на фонт

а а а

Понекогаш ти се чини дека сè оди пребрзо - нов семестар, нова работа, нови патувања, планови, идеи... а некаде меѓу сето тоа треба да водиш сметка за... па за сметките. И тука обично банкарството звучи како нешто досадно, „возрасно“ и далечно од твојот животен стил. Но, не мора да биде така.

Замисли банка што не те забавува, не те оптоварува, туку само ти дава повеќе слобода, енергија и го дополнува стилот на младоста. Така изгледа Zipp Club – новата програма наменета за сите под 30 години кои сакаат брзо и дигитално банкарство со вистински бенефити.

Сè почнува со Zipp Mastercard картичката. Бесплатна е, направена од еко пластика и можеш да ја избереш во два различни дизајни затоа што дури и финансиската слобода заслужува да изгледа добро.

Со неа можеш да плаќаш каде и да си – во омилените продажни места, во омиленото кафуле, ресторан, е-продавница или во кој било град во светот, а секое плаќање ти носи поени за кешбек или ваучери преку BonusBox програмата. Во продажните места означени како Zipp Spots имаш и специјални попусти.

Тоа е оној мал, пријатен момент кога купуваш и истовремено добиваш додадена вредност назад.

Zipp Club е создаден за луѓе кои сакаат контрола без компликации затоа што носи бесплатно дигитално банкарство, сметка што ја гледаш и менаџираш од телефонот, без редици и без хартија.

Сакаш да платиш упис на факултет, потврда или партиципација? Бесплатно е.

Сакаш да платиш кафе со друштво, а не знаеш кој колку должи? Со „Плати на пријател“ и „Подели сметка“ работите се решаваат за секунда. А паричник? Заборави на него, тука се Apple Pay, Google Pay, Garmin Pay за да си секогаш „tap-ready“.


И бидејќи младите не сакаат граници, Zipp Club ти ги отвора сите патишта.

Имаш бесплатен роаминг интернет, пристап до VIP зони на над 1.500 аеродроми, можност да присуствуваш на настани посветени на менталното здравје, финансиската писменост и личниот развој.

Плус, се организираат наградни игри за концерти, патувања и други изненадувања што го прават животот побогат со искуства, не само со трансакции.

Zipp Club е заедница што сака да остави отпечаток. Со секој отворен пакет, Комерцијална банка како „Зелен поБОРник“ и поддржувач на иницијативата „Боренка“ засадува дрво на опожарени места низ Македонија. Членовите на клубот гласаат и за проекти што ги засегаат младите, а за кои Банката ќе издвојува парични донации. Така, додека го градиш својот пат, помагаш да растат и други добри идеи околу тебе.

Дел од Zipp Club може да станеш за неколку минути. Активирај го онлајн преку мБанка, Интернет банка или со електронска идентификација преку OneID. Можеш и со пополнување кратко барање во најблиската експозитура на Комерцијална банка. Ако не си вработен, Zipp пакетот е бесплатен, а ако веќе работиш ќе те чини само 30 денари месечно. Толку!

Zipp Club не е само банкарски пакет. Тоа е финансиска слобода со млад дух и комбинација од функционалност, стил и вредности затоа што младоста не е за чекање во ред, туку за создавање спомени. Сега имаш партнер што го разбира тоа.

Комерцијален текст