Семењо ја испрати првата порака како член на Сити: Дојдов тука со јасна мисија

Дерби

09/01/2026

12:41

294

Големина на фонт

а а а

Антоан Семењо се претвори во прво звучно зимско засилување за Манчестер Сити, фудбалер за кој клубот од „Итихад“ реши да го одврзе ќесето и да плати 65 милиони фунти.

Брилијантните партии во дресот на Борнмут беа доволно добра препорака за да се направи трансфер, а откако го комплетираше истиот, крилниот напаѓач не го крие воодушевувањето од соработката со Пеп Гвардиола.

– Го гледав Сити како победува под водство на Гвардиола изминатата декада, тие беа движечка сила во Премиер лигата, но и во Лигата на шампионите, ФА купот и Лига Кипот. Поставија највисоки стандарди како клуб, а во тимот има играчи од светска класа.

– Од светска класа се и условите за тренинг и развој, а секако тука е и еден од најдобрите тренери на сите времиња, Пеп Гвардиола.

– Дојдов тука со јасна мисија, со мисија да напредувам, сметам дека сум на најдоброто место за такво нешто. Тука го има најдобриот стручен штаб, најдобрите услови, и тоа е добра препорака да напредувам како играч. Сити е перфектно место за мене и привлегија е што стигнав до тука.

– Допрва ќе го гледате мојот најдобар фудбал, убеден сум во тоа. „Итихад“ е мојот нов дом и едвај чекам да заиграм пред фановите, – изјави Семењо кој во синиот дрес ќе го носи бројот „42“.