Вардар му постави откупна клаузула на Мато и ја одреди неговата пазарна вредност

Макфакс

09/01/2026

12:40

419

Големина на фонт

а а а

Фудбалскиот клуб Вардар пред два дена ја информираше јавноста дека се одбиени 350 илјади евра за продажба на Касим Роџерс Мато, а со оглед на тоа што интересот за напаѓачот значително расте, лидерот во Првата македонска лига одлучи да се заштити.

Официјалната понуда од шкотски Харст и интересот кој е се поактуелен од останти клубови од Европа го ставаат Вардар во позиција да ја зголемува цената за Мато, па иако во овој момент не е ставен на продажба, клубот постави клаузула која ја смета како резонска за негово заминување.

Вардар има за цел да ја освои титулата во македонскиот шампионат со Мато како лидер на тимот, но доколку пристигне понуда од 1,5 милион евра, сепак ќе дозволи трансфер во овој јануарски преоден рок.

– ФК Вардар АД ја информира јавноста дека, поради зголемениот интерес од повеќе странски клубови за нашиот фудбалер Роџерс Касим Мато, Управата на клубот донесе одлука да утврди откупна клаузула во износ од 1.500.000 евра, – гласи соопштението на клубот.

Мато го заврши првиот дел од сезонта како убедливо најдобар играч во Првата лига, но и како најдобар стрелец со 12 постигнати погодоци.

🔴⚫ ФК Вардар АД ја информира јавноста дека, поради зголемениот интерес од повеќе странски клубови за нашиот фудбалер...

Posted by ФК Вардар АД Скопје on Friday, January 9, 2026