Несекојдневни сцени: Играчите на Чикаго и Мајами чекаа на теренот два часа, но на крајот не одиграа ниту една минута

Дерби

09/01/2026

11:21

188

Големина на фонт

а а а

Највозбудлив натпревар во НБА лигата рано утрово требаше да биде оној меѓу Чикаго и Мајами, но иако одговорните лица цели два часа се обидуваа да оспособат услови за игра, на крајот не дојде до такво нешто.

Обилните врнежи во Чикаго и влажното време направија да има огромна влага во „Јунајтед центарот“, па на крајот не помогнаат ниту најсовремената опрема за сушење на теренот.

И покрај електричните направи и обичното чистење со крпи, играчите на двата тима чекаа два часа на теренот за да се означи старт на средбата, меѓутоа на крајот не се создадоа услови за игра и натпреварот беше одложен.

НБА лигата објави дека средбата официјално се одложува поради влага, а засега не е познато кога двата тима одново ќе добијат шанса да играат еден против друг.

НБА резултати од утрово:

Шарлот – Индијана 112:114

Минесота – Кливленд 131:122

Јута – Далас 116:114