Одрон од карпа на Скопје-Велес, се излеа Црна Река, забрана за камиони на Струга-Ќафасан

Нетпрес

08/01/2026

20:01

1.191

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во 17:35 часот пријавено е дека на автопатот Скопје – Велес, после тунелот „Бадар“ има одрон од карпа, која ги има зафатено двете ленти. Сообраќајот не е во застој.

На местото интервенира екипа на ЈП Македонија пат.

Од 18:05 часот поради излевање на Црна Река од своето корито кај с.Бучин, Крушевско, има прекин на патниот сообраќај на локалните патни правци од селото Бучин кон Демир Хисар, кон селото Обршани и кон селото Трноци.

Од 18:15 воведена е забрана за движење на товарни возила на патниот правец Струга-Ќафасан.

Од 18:30 часот патниот правец Пробиштип-Леговец поради сообраќајна незгода и вршење увид е затворен за сообраќај во двата правца.

„Министерството за внатрешни работи преземаа соодветни активности за отстранување на сите пречки за воспоставување и нормализирање на сообраќајот. Апелираме до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително поседување на пропишаната зимска опрема и почитување за поставената сигнализација“, се вели во соопштението.