Роберт Левандовски полека влегува во последната фаза од својата играчка кариера, па во ситуација кога влегува во последните месеци од договорот со Барселона, во овој момент никој не знае кој ќе биде следниот чекор на Полјакот.
Преговорите со Барселона се ставени на „почек“ и иднината на ветеранот не е најсигурна на „Камп Ноу“, но дури и во ситуација ова да биде почетокот на крајот за него во Барса, тој вели дека ќе има само добри спомени од Каталонија.
– Немам страв да ставам крај на кариерата и веќе полека се подготвувам за тоа. Подготвувам работи кои можам да ги правам по крајот на играчката кариера, – вели Левандовски.
Полјакот пристигна во Барса како голема фудбалска ѕвезда и требаше да покаже пример за останатите млади играчи кои ги има во тимот, но три години подоцна, самиот вели дека научил доста многу од играчи кои се и две децении помлади од него.
– Менталитетот во Баерн беше поинаков и имавме играчи кои беа далеку поискусни од тоа што наидов во Барселона. Кога потпишав за Барса, видов многу млади играчи кои требаше да бидат поостри и построги кон себе. Клубот побара од мене да бидам строг со нив, да ги научам дека славата не трае две или три недели, требаше да ги натерам да работат понапорно.
– После некое време, кога подобро ги запознав, сфатив дека не се задоволни од таквиот мој однос, сфатив дека не им се допаѓа таквото однесување и видов дека навистина го разбираат фудбалот. Јас не бев толку едуциран на таа возраст, но генерациите се менуваат и јас научив многу од нив, – открива Левандовски.





