„Атлетик“: Јунајтед му врачи отказ на Аморим по експлозивното интервју!

Дерби

05/01/2026

11:47

756

Големина на фонт

а а а

„Атлетик“ речиси никогаш не греши кога се во прашање ексклузивите кои ги добива од клубовите во Премиер лигата, па така ова утро детонирана е „бомба“ за отказ на Рубен Аморим.

Експлозивното интервју на Португалецот по вчерашното реми со Лидс Јунајтед очигледно ја прели чашата на „Олд Трафорд“, па хиерархијата предводена од Сер Џим Ретклиф реши да се ослободи од португалскиот стручњак.

Аморим го нападна скаутинг тимот и директорите во своето обраќање по вчерашниот натпревар во Премиер лигата, а сега испаѓа дека тоа му беше последната прес-конференција како менаџер на клубот.

Во своето излагање, Рубен нагласи дека со сигурност ќе си замине од Јунајтед кога ќе му заврши договорот за 18 месеци, но раководството сега реши да му ја исполни желбата година и пол порано.

Острите зборови очигледно предизвикаа голем потрес во внатрешноста на клубот, а ако на тоа се надоврзат ужасните резултати, раководството имаше навистина доволно добри аргументи за да го „шутне“ Аморим.

„Атлетик“ тврди дека Аморим е минато на театарот на сонишата, а во најскоро можно време се очекува и официјално соопштение од страна на клубот.