Кавадарчани краделе клупа поставена од општината, полицијата ги фати на дело

Точка

04/01/2026

16:05

1.126

Големина на фонт

а а а

Вчера во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода Е.М.(23) и А.М.(26), двајцата од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Видое Смилевски Бато“ во Кавадарци одзеле клупа, сопственост на општина Кавадарци.

Полициските службеници извршиле преглед на патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.М., каде била пронајдена и одземена клупа.

Тие се приведени во полициска станица, одземеното ќе биде вратено на сопственикот и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава