Родригез: Мадуро е „единствениот претседател на Венецуела“

Макфакс

04/01/2026

09:34

1.555

Големина на фонт

а а а

Потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, говорејќи на државната телевизија на шпански јазик, ги повтори повиците за ослободување на Мадуро и неговата сопруга.

Таа повика на смиреност и единство за одбрана на земјата во контекст на, како што рече, „киднапирањето“ на Мадуро и порача дека Венецуела никогаш нема да биде колонија на ниту една нација.

Родригез зборуваше од Каракас заедно со својот брат, претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез, министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабелјо и министрите за надворешни работи и за одбрана.

Родригез истакна дека Николас Мадуро е „единствениот претседател на Венецуела“ и побара од САД да го ослободат