[ФОТО] „Од овој 28-ми декември бројките веќе не се бројат, туку се живеат“: Македонската поп дива со емотивна објава за својот роденден

Точка

29/12/2025

16:50

857

Големина на фонт

а а а

Македонската музичка дива Калиопи вчера, на 28 декември, го прослави својот роденден, а по тој повод на социјалните мрежи сподели длабоко лична и инспиративна порака, која наиде на силни реакции и бројни честитки од публиката.

„Од овој 28-ми декември бројките веќе не се бројат, туку се живеат… Сега започнува новиот живот на Опи, на онаа малечката која што сонуваше и мечтаеше и онаа што поприлично ја намачив со силата, вољата и упорноста во мене… Ама, ако! Вредеше!“, напиша Калиопи, додавајќи благодарност за сите убави желби кои, како што вели, знае дека ќе бидат многубројни.


Роденденската порака дојде во период на особено интензивна и успешна концертна активност за пејачката. По одржаните три распродадени концерти во рамки на нејзината акустична серија во Македонската филхармонија, поради огромниот интерес на публиката беше закажан и четврти концерт, кој ќе се одржи утре, на 30 декември, со почеток во 20:00 часот.

Со овие концерти, Калиопи уште еднаш потврдува дека е уметник кој не брои години, туку ги живее - искрено, длабоко и целосно посветено на музиката и публиката. Роденденот оваа година не е само личен јубилеј, туку и симбол на нова енергија, нова животна фаза и силна врска со оние што со децении ја следат нејзината уметничка приказна.

Со својот глас, автентичност и искрен пристап кон животот и уметноста, Калиопи и понатаму останува една од највлијателните и најсаканите музички личности на македонската сцена. Роденденската порака и концертната еуфорија уште еднаш покажуваат дека нејзината приказна не е мерена со години, туку со емоции што траат.

Автор: Ц.Н.