„Ќациленд“ отстапи пред Дедо Мраз: Отстранет кампот на лојалните пред српскиот парламент

Нетпрес

29/12/2025

13:50

160

Големина на фонт

а а а

Во Белград шаторите што беа поставени пред Народното собрание на Србија во таканаречениот „Ќациленд“, односно кампот на поддржувачите на власта е демонтиран. Според српските медиуми, на тоа место ќе биде поставено „Божиќно село“.

На отстранувањето на шаторите каде „протестираа“ лојалните на власта, му претходеше обраќање на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој најави дека на тоа место ќе направи новогодишно село, во кое ќе можат да уживаат сите граѓани.

Вучиќ најави и дека Пионерскиот парк ќе биде отворен за сообраќај. Во вчерашното обраќање пред Собранието на Србија, Вучиќ рече дека следната година ќе има избори во земјата.

Откако студентите започнаа масовни протести во Србија поради падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, пред Собранието беше формирана шаторска населба „Ќациленд“ каде што престојуваа „студенти кои сакаат да учат“, но и бројни поддржувачи на владејачката Српска напредна партија (СНС).