Александра Шијакоска со прекрасна фотосесија откри дека повторно ќе стане мајка: „Моето срце никогаш не било пополно“

Точка

26/12/2025

22:07

581

Големина на фонт

а а а

Инфлуенсерката Александра Шијакоска сподели убава вест со своите следбеници – откри дека заедно со сопругот Едмонд Весели по втор пат ќе станат родители.

Веста ја објави преку прекрасна фотосесија со партнерот и синчето Риан, а на фотографиите тие држат ехо снимки од новиот член на семејството.

„Имаше денови кога сè што имав беше надежта. Тивка, мала, но силна. Денес таа надеж е љубов што ја живеам секој ден, мало раче што ме држи и нов живот што тивко расте под моето срце.


Благодарни за сè што имаме, со најсилна вера во сè што доаѓа, одиме напред, посилни и побогати за уште една љубов. Моето срце никогаш не било пополно“, пишува во описот на објавата.

Минатата година парот го доби синчето Риан, за кое Александра минатиот месец објави емотивно писмо на Инстаграм, по повод неговиот прв роденден.

„Пред четири години ми ја соопштија најлошата вест што може некој да ја добие и најмногу ми беше жал што имав само 29 години, а не станав мајка. Мислев дека си ја пропуштив шансата и дека ќе си заминам без да го почувствувам најубавото чувство на овој свет.

Но Господ е добар и имал друг план, за мене и за тебе, сине. Го преживеавме и тоа, и многу други предизвици по патот, и еве не, денес сме тука.

Мама се бореше со животот само за тебе, а животот ми те подари како награда за никогаш неизгубената верба, волја и сила. Сега имам само една желба, да бидам што подолго покрај тебе, да те сакам и да те научам што значи моќта на добрината“.