[ФОТО/ВИДЕО] Контроверзниот српски рапер на сцена ја избричил главата на обожавател

Точка

22/12/2025

07:52

930

Големина на фонт

а а а

Српскиот рапер Десингерица повторно направил шоу на својот настап, овој пат во Хрватска.

Во петокот вечерта, тој настапил во ноќен клуб во Нашице, а снимките на кои се гледа како Десингерица ја бричи главата на еден млад обожавател од публиката се шират на ТикТок.


Додека Десингерица ја бричи косата на момчето со машинка за шишање, во заднина се слуша песната „Mama voli bebu“. Снимката од шишањето ја објавил и самиот рапер на својот ТикТок профил.


Раперот, чие вистинско име е Драгомир Деспиќ е познат по своите бизарни настапи. Освен што глумел фризер, тој донел и палачинки со нутела на сцената во клубот во Нашице.

Еднаш донел јагне на настап

Ова лето, Десингерица настапувал во клуб во Будва, кога донел печено јагне на ражен на сцената. Откако го кренал, почнал да гризе парчиња месо директно од раженот, а капки маснотии и парчиња месо паѓале врз главите на обожавателите.


Во претходните настапи, тој станал познат и по фрлањето валкани чорапи кон публиката и удирањето на обожавателите со патиките, што го направил на настап во клуб во Опатија.