Наполи со реакција за потегот на Алегри: Не е можно 33 камери да не го регистрираат…

Дерби

19/12/2025

11:28

338

Големина на фонт

а а а

Милан вчера загуби од Наполи во полуфиналето на италијанскиот Суперкуп, а актуелниот шампион денеска објави соопштение во кое побара санкција за противничкиот тренер.

Темпераментниот Макс Алегри имал вербален дуел со Леле Оријали, долгогодишниот близок соработник на Антонио Конте и човек кој секогаш е покрај клупата на Наполи, при што од противничкиот табор сметаат дека нивниот претставник заработил тешки навреди од страна на тренерот на Милан.

Наполи утринава со соопштение побара реакција од дисциплинците и казна за Алегри.

– Наполи остро го осудува однесувањето на тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, кој за време на полуфиналето на Суперкупот на Италија, во присуство на десетици луѓе на теренот и во рамките на тв преносот, сериозно го навреди Габриеле Оријали со повторени навредливи зборови.

– Се надеваме дека овој целосно неконтролиран напад нема да помине незабележано, особено затоа што, со 33 камери вклучени во продукцијата на настанот, невозможно е да не било регистрирано она што се случи, – велат од актуелниот италијански првак.