Хаџи: Јамал направи грешка…

Макфакс

19/12/2025

07:33

487

Големина на фонт

а а а

Ламин Јамал е еден од играчите кој треба да одбележи една ера во светот на фудбалот, играч кој уште како тинејџер почна да „плива во длабоките“ води и тоа успешно како на клупски така и на репрезентативен план.

Тој денеска е еден од најважните играчи на Барселона и Шпанија, а има само само 18 години што доволно покажува што досега направи и каков потенцијал поседува, односно во каков фудбалер може да се развие.

Јамал целиот свој досегашен живот го има поминато во Шпанија, но има мароканско потекло и имаше можност да настапува за оваа африканска држава. Меѓутоа кога имаше можност да бира, да пресече, се одлучи да настапува за „црвената фурија“ што се покажа како погодок затоа што со оваа репрезентација стана европски првак.

Ама мароканската легенда Мустафа Хаџи сепак смета напаѓачот погрешил затоа што никогаш нема да ја почувствува љубовта на јавноста, навивачите на Пиринеите.

-Иако игра за Шпанија, наклонетоста што Шпанците ќе ја имаат кон него никогаш нема да биде иста како онаа на Мароканците. Затоа е штета што не го избра Мароко, бидејќи ако го избереше, ќе беше поинаку. Тажно е затоа што, како што неодамна прочитав во еден шпански весник, некои новинари рекоа: „Го имаме Педри, го сакаме Педри, го сакаме Јамал, но не го сакаме толку колку што го сакаме Педри“. Тоа значи дека погрешил.

-Жалам што не игра за Мароко. Тој секогаш ќе остане Мароканец, дури и ако игра за Шпанија, -порача Хаџи кој во кариерата играше за доста познати клубови како Спортинг, Астон Вила, Ковентри, Еспањол, Депортиво Ла Коруња…