Хелена Бонам Картер објасни зошто никогаш не се омажила за Тим Бартон: „Не мислам дека тоа е здраво“

Точка

18/12/2025

19:40

596

Големина на фонт

а а а

Британската актерка Хелена Бонам Картер зборуваше за тоа зошто за време на 13-годишната врска никогаш не се омажила за режисерот Тим Бартон.

Иако поминаа повеќе од десет години заедно и добија две деца, парот никогаш не го изговори судбоносното „да“, а актерката објасни и зошто бракот никогаш не бил опција за неа.

Бонам Картер и Бартон се запознаа во 2001 година на снимањето на филмот „Planet of the Apes“, а наскоро станаа еден од најпрепознатливите и најнеобичните парови во Холивуд. Во текот на врската добија син, Били и ќерка Нел.


Нивниот заеднички живот функционирал така што живееле во две соседни, но меѓусебно поврзани куќи во Лондон. Иако биле емотивно поврзани, нивното венчавање никогаш не дошло предвид.

Гостувајќи на поткастот „Belle Freud Fashion Neurosis“, актерката призна дека не се согласува со концептот на брак.

„Никогаш не се омажив затоа што, искрено, не можам да дадам такво ветување. Не мислам дека е тоа здраво“, изјави таа, додавајќи дека ветувањето „сè додека смртта не нè раздели“ е премногу големо и премногу дефинирано.

Како дополнителен фактор, таа ја наведе и дијагнозата АДХД, поради која организацијата на венчавката би била стресна за неа.


„Имам АДХД, така што самата идеја за планирање венчавка би можела да биде прекрасна, но би станала опседната со секоја ситница. Едноставно би завршило со 'Ох Боже'“, објасни таа.

Парот се раздели во 2014 година, а Бонам Картер подоцна го опиша тој крај како развод, иако формално никогаш не биле во брак. И покрај раскинувањето, останале во добри односи, а актерката ја нарече нивната врска „подарок“ во интервју за „Vanity Fair“.

„Понекогаш не ви е судено да бидете заедно засекогаш. Понекогаш мора да се помирите со тоа дека нешто имало свој крај, но тоа беше подарок, огромен подарок. Си дадовме деца еден на друг и многу повеќе од тоа“, порача таа.