Евростат објави колку бегалци од Украина примила секоја земја од ЕУ

Макфакс

15/12/2025

13:47

1.677

Големина на фонт

а а а

Евростат објави детални податоци за тоа колку граѓани кои не се од ЕУ, а избегале од Украина, моментално имаат статус на привремена заштита во Европската Унија.

На 31 октомври оваа година, вкупно 4,3 милиони такви лица имале статус на привремена заштита. Во споредба со крајот на септември оваа година, вкупниот број на лица од Украина под привремена заштита се намалил за 6.170 (-0,1%).

Земјите-членки на ЕУ кои примиле најголем број корисници на привремена заштита од Украина биле Германија (1.229.960 лица; 28,6% од вкупниот број во ЕУ), Полска (965.005; 22,5%) и Чешка (393.005; 9,1%).

At the end of October 2025, a total of 4.3 million non-EU citizens who fled 🇺🇦 Ukraine had temporary protection status...

Posted by Eurostat on Wednesday, December 10, 2025

Список на земји според примени бегалци од Украина:

Германија – 1.229.960

Полска – 965.005

Чешка – 393.005

Шпанија – 250.135

Романија – 197.675

Словачка – 137.600

Холандија – 132.200

Ирска – 117.805

Белгија – 93.520

Австрија – 90.340

Норвешка – 82.590

Финска – 77.335

Бугарија – 75.255

Швајцарија – 70.950

Италија – 56.940

Франција – 54.005

Литванија – 50.600

Шведска – 48.315

Данска – 45.230

Унгарија – 42.430

Грција – 37.685

Естонија – 34.965

Латвија – 31.280

Хрватска – 28.070

Кипар – 24.755

Словенија – 10.950

Малта – 2.445

Лихтенштајн – 845